Во Македонија во март годинава се евидентирани 70 902 туристи, од кои 22.0 % биле домашни, а 78.0 % странски туристи, соопшти Државниот завод за статистика.
Бројот на ноќевањата во март 2025 година изнесувал 132 015, од кои 28.0% се од домашните, а 72.0 % од странските туристи.

Во периодот јануари-март 2025 година, во однос на истиот период од претходната година, вкупниот број на туристите е зголемен за 10.6 %.
Кај домашните туристи има намалување за 9.2 %, а кај странските зголемување за 21.9 %.
Вкупниот број на ноќевањата, пак, е зголемен за 9.1 %, така што кај домашните туристи има намалување за 7.8 %, а кај странските зголемување за 21.7 %.
Фото: Васка М. Младеновска