Don't Miss
Home / Uncategorized / Златото на Соња Николовска повторно на продажба

Златото на Соња Николовска повторно на продажба

По двата неуспешни обиди да се продаде златото и златниот накит на сопственичката на ТАТ, Соња Николовска, истото деновиве повторно ќе биде понудено на продажба.
Според информацијата на порталот на Битолски весник, златото на Николовска ќе биде понудено на продажба на јавната лицитација која ќе се одржи на 17 септември во Основниот суд во Битола.
Истото ќе се продава во пакет, по цена од 8.088.240.00 денари.
Инаку, златото и златниот накит на Соња Николовска, кој по пресудата на Врховниот суд стана сопственост на штедачите се состои од 798 златни предмети.
Б.В.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*