Don't Miss
Home / Uncategorized / Јосифовска: Катица не сакаше да ги затвори Мијалков и Камчев

Јосифовска: Катица не сакаше да ги затвори Мијалков и Камчев

Обвинителката Елизабета Jосифовска, на денешното рочиште за случајот „Рекет“, откако појасни дека по налог на Катица Јанева бизнисменот Орце Камчев издејствувал домашен притвор а и времен пасош, раскажа и како шефицата Јанева планирала Камчев и Сашо Мијалков, како осомничени во „Империја“ да платат само материјална штета, а да не одат во затвор.

-Во април се оддржа колегиум на потесен состав во СЈО, а Јанева побара од обвинителите Стефанова, која ја води истрагата за „Империја“ и од Бурим Рустеми, кој е надлежен за истрагата „Поштенска банка“, да изготват пресметки колкави суми да исплатат како отштета на државата и да се спогодат, рече Јосифовска, додавајќи дека образложението на Јанева било овие осомничени да не одат во затвор.Јосифовска рече дека Рустеми и Стефанова изготвиле пресметка, но доставиле и предлог за затворски казни за Камчев и останатите осомничени во двата предмета.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*