Don't Miss
Home / Uncategorized / Латас бил заборавен да плаќа данок

Латас бил заборавен да плаќа данок

Во последната листа на должници на Управата за јавни приходи се наоѓа и фирмата „Тотал маркетинг“ чиј управител е новинарот и уредник, Драган Павловиќ Латас. „Тотал маркетинг“ и должи на државата 23.000 евра за неплатен данок на додадена вредност.

Основна дејност на фирмата е маркетинг и пропаганда, а нејзиното седиште е во Зелениково. Оваа компанија е под истрага на Специјалното јавно обвинителство за затајување данок, поради што СЈО побара определување на мерка притвор за Латас. Во Зелениково, пак, се наоѓаат трите викендици кои се исто така под истрага на СЈО во случајот „Тревник“, а во кој меѓу трите лица е повторно обвинет Латас за бесправно градење.

Според СЈО, фирмата „Тотал маркетинг“ е меѓу четирите фирми чиј управител е Латас, обвинет дека во период од осум години давал лажни податоци во книговодствената евиденција со цел да одбегне плаќање на данок.

Инаку Управата за јавни приходи пред два дена обелодени скандал според кои поранешни вработени им овозможиле на 37 фирми да бидат амнестирани од присилна наплата на долговите така што не ги внеле во системот на опомени. Станува збор за фирми блиски до претходната власт, а меѓу нив, велат неофицијални извори, се телевизии и маркетинг агенции. Од УЈП не ги откриваат имињата на овие фирми.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*