Don't Miss
Home / Uncategorized / 126 волонтери во Клиничката болница добија договори за редовен работен однос на неопределено време

126 волонтери во Клиничката болница добија договори за редовен работен однос на неопределено време

Сто дваесет и шест волонтери во Клиничката болница од Битола добија договори за трансформација на волонтерските договори во редовен работен однос на неопределено време  и решавање на нивната социјална и егзистенционална ситуација.

од денешната прес-конференција

од денешната прес-конференција

Според директорот на Клиничката болница во Битола, Василе Најдовски, ова е уште еден доказ и импелемнтација на одлуките на Владата за трансфорамција на работниот однос на волонтерите во регионот, што  реално се остварува.-Ова е одлична вест за Клиничката болница бидејќи сега тој кадар ќе биде подобро мотивиран, подобро ќе пружа здравствена услуга и од општ интерес се намалува стапката на невработеност. Волонтерите на кои им се трансформира работниот однос ќе пристапат поодговорно кон редовните обврски кои досега ги извршувале. Трансформација добија медицински сестри, хигеничари, возачи, информатичари , лаборанти и др- информираше Василе Најдовски, директор на Клиничката болница- Битола.

Денеска сите 126 волонтери го потпишаа договорот за редовен работен однос. Со тоа 35 % од овој месец се во редовен работен однос, 35 проценти се од декември 2015 година и останатите 30 проценти од волонтерите од септември следната 2016 година.

Волонтерите на кои им беше трансформиран волонтерскиот во траен работен однос не го криеја задоволството од трајното решавање на нивниот работен статус.

Волонтерите беа пресреќни

Волонтерите беа пресреќни

-Бев волонтер 11 години како медицинска сестра во хируршкото одделение. Не можам со зборови да ја опишам мојата среќа. Благодарение на Владата на Република Македонија и премиерот Никола Груевски се решава мојата егзистенција . Многу се радувам- истакна Анета Рајкова, волонтер.

11355445_847737195311251_922658286_n

Талија Лисичкова, волонтерка во битолската болница не можеше да го сокрие задоволството, бидејќи како што рече се решава егистенцијата на нејзиното семејство.
-Возбудена сум, десет години бев волонтерка. Пресреќна сум- истакна Лисичкова.

 

Б.В.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*