Don't Miss
Home / Свет / 13 рудари загинаа во експлозијата во рудникот во Чешка

13 рудари загинаа во експлозијата во рудникот во Чешка

Во експлозија на метан во рудникот во источниот дел на Чешка загинаа 13 рудари, од кои 11 се од Полска, а двајца се од Чешка, соопштија официјални лица.

„Несреќата не ја преживеаја 13 рудари, од кои 11 се од Полска, а двајца се чешки рудари. Во болница се тројца рудари, кои се повредени. По затворањето на спасувачката акција, сега заседава специјална комисија која ќе ги утврдува причините за оваа несреќа“, изјави портпаролот на сопственикот на рудникот на прес-конференција.

Седум од повредените рудари се со помали повреди и се пуштени на домашно лекување, а тројца веднаш беа однесени во болница со сериозни повреди.

Еден од нив беше опериран и во критична состојба.

Во Чешка пристигна и полскиот премиер, а рудникот ќе го посети и чешкиот премиер.

Тие посочија дека ќе се обидат колку што може да им помогнат на повредените рудари, како и на семејствата на загинатите.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*