Don't Miss
Home / Uncategorized / Организаторот пресече: Концертот на Смајко на Хераклеја

Организаторот пресече: Концертот на Смајко на Хераклеја

 

 

Организаторот на концертот на групата Њујорк Џипси Олл Стар, по многу размислување а во договор со бендот, Исмаил Лумановски и градоначалничката на Битола Наташа Петровска одлучи концертот да  и покрај проименливото време да се одржи на Хераклеја како што беше најавено.

Со тоа ке се оствари детскиот сон на Исмаил Лумановски – Смајко да има свој целовечерен концерт на Хераклеја.

Малиот Исмаил Лумановски  уште како дете кога сонуваше да стане музичар и кога ги учеше првите ноти кај својот прв учител Панде татарчев во Музичкото училиште сонуваше еден ден да свири на Хераклеја со свој бенд.

Тој детски сон на Смајко ќе му се оставри вечерва, кога со својот оркетсар Њујорк Џипси Олл Стар, во рамккте на битолското културно лето, под покровителство на Општината Битола ќе одржи целовечерен цонцерт.

Иако во својата богата музичка кариера настапувал на речиси сите светски музички сцени во светот,

Денес, Исмаил Лумановски кој има 34 години,  од Њујорк каде што живее веќе 18 години со  својот кларинет ги воодушевува љубителите на музиката не само во САД, туку и на светските музички сцени.

За него велат дека е редок талент, кој со кларинетот создава извонредна комбинација на духот на традиционалната со класичната  музика .

Кога како млад талент стигна во САД,  кај светски познатиот кларинетист  и професор Чарлс Најдих, тој само што го слушнал  бил воодушевен од неговото  страсно  свирење и динамична виртуозност.

По завршувањето на музичката школа “ Интерлохен “ во Мичиген тој се запишал на познатиот универзитет “ Џулијард “ во Њујорк каде дипломирал, а подоцна и магистрирал за кларинет.

Својата дарба и виртуозност  и како студент,  а и подоцна како магистер по кларинет  ја потврдувал на речиси сите  негови бројни настапи.

По еден  негов навистина извонреден музички настап во Њујорк, во   светки познатиот весник “ Њујорк Тајмс “ музичкиот критичар ќе забележи:

“  Исмаил е брилијантен и бестрашен млад кларинетист,солист кој успешно се усогласува со секој еден инструмент од големите оркестри “

Со неговиот оркестар Њујорк Џипси Олл Стар ,  кој го формирал по сугестија  на неговиот менаџер и продуцент  Сердар Илхан  тој  на американската публика му е преставен како  виртуоз на современата балканска музика,  кој со својата бескрајна креативност  и талент успева со својот кларинет и уникатен звук  целосно да ги освои срцата на сите љубители на музиката.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*