Don't Miss
Home / Uncategorized / Вторник седница на Советот на општината Битола

Вторник седница на Советот на општината Битола

СОВЕТ НА ОПШТИНАТА БИТОЛА

Врз основа на член 26 став 2 од Статутот на Општината Битола („Службен гласник на Општината Битола“ бр. 10/05 и 17/08) и член 56 од Деловникот на Советот на Општината Битола („Службен гласник на Општината Битола” бр.15/05),  ја

 

С В И К У В А М

 

26-та седница на Советот на Општината Битола за 25.12.2018 година (вторник) со почеток во 10,oo часот.

Седницата ќе се одржи во салата за седници на Советот на Општината, со предлог на следниот

Д Н Е В Е Н    Р Е Д

1.Финансиски план за работа на ЈП „Комуналец“ во 2019 година.

2.Финансиска програма за одржување на јавната чистота на јавните површини на територија на Општината Битола во 2019 година

3.Финансиска програма за одржување на јавните зелени површини на територија  на Општината Битола во 2019 година

4.Годишен план за работа на KЈП „Нискоградба“ во 2019 година.

5.План за работа на ЈП „Пазари“ за 2019 година.

6.План за работа на ЈКП „Водовод“ во 2019 година.

7.План за работа на ЈП „Жабени“ во 2019 година.

  1. Финансиски план и програма за работата на ЈП за урбанистичко планирање, проектирање и инженеринг – Битола за 2019 година.
  2. Програма за работа на Зоолошката градина Битола во 2019 година.

10.Програма за работа на Старскиот дом „Сју Рајдер“ Битола во 2019 година.

11.Програма за работа во областа на располагањето со градежното земјиште во сопственост на Република Македонија на подрачјето на Општина Битола за 2019 година.

12.Програма на Општината Битола за финансирање на културата во 2019 год.

13.Програма за активностите во областа на спортот на подрачјето на Општината Битола за 2019 година.

14.Програма за изработка на урбанистички планови и урбанистичка планска документација на подрачјето на Општина Битола во 2019 година.

15.Програма за остварување на социјалната, детската и здравствената заштита во општина Битола за 2019 година.

16.Програма за економски развој во Општина Битола за 2019 година.

17.Програма за работата на Комисијата за еднакви можности 2019 година.

18.Програма на Општина Битола за финансирање во туризмот за 2019 година.

19.Програма за Измени на Програмата за развојни планови на општина Битола за периодот 2019-2021.

20.Програма за одржување комунални објекти и инсталации, локална патна мрежа и улици во Општината Битола за 2019 година.

21.Програма за користење и одржување на јавното осветлување на подрачјето на Општината Битола за 2019 година.

22.Програма за уредување на градежно земјиште на подрачјето на Општината Битола за 2019 година.

23.Програма за животната средина за 2019 година.

24.Програма за работа на ОО Црвен Крст Битола за 2019 година.

25.Стратегија за соработка на општина Битола со граѓанскиот сектор и негов постојан развој 2019-2022.

26.Одлука за одредување на просечна цена за утврдување на пазарната вредност на градежното земјиште за календарска 2019 година утврдена врз основа на извршените купопродажби во претходната година на подрачјето на Општина Битола по катастарски општини.

27.Одлука за одредување на просечна цена за утврдување на пазарната вредност на земјоделско земјиште, шумите и пасиштата за календарска 2019 година утврдена врз основа на извршените купопродажби во претходната година на подрачјето на Општина Битола по катастарски општини.

28.Одлуки за ставање вон сила на Одлуки за отпочнување постапка за пристапување кон изработка и донесување на детални урбанистички планови и Одлуки за утврдување на Нацрт планови.

29.Одлука за општински линиски превоз на патници во општината Битола.

30.Правилник за условите, начинот и постапката за доделување на линиите на превозниците во општинскиот линиски превоз на патници во општината Битола.

31.Тарифа за општински линиски превоз на патници на подрачјето на општина Битола.

32.Решение за формирање Комисија за изработка на Програмата за работа на Советот на општината Битола за 2019 година.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*