Don't Miss
Home / Политика / ВМРО со формирање пратенички групи ќе ја блокира работата на парламентот

ВМРО со формирање пратенички групи ќе ја блокира работата на парламентот

Формирањето на 10 пратенички групи од ВМРО – ДПМНЕ ќе ја блокира работата на парламентот, бидејќи во еден ден можат да побараат дури 10 часа пауза. Спикерот Талат Џафери вели дека одлуката на ВМРО ДПМНЕ за формирање на 10 пратенички групи е во согласност со деловникот. Според него, таквото постапување е најдобар механизам за да се блокира работата на парламентот, но одговорноста за тоа ќе биде кај пратениците од опозицијата. Џафери смета дека ќе ги надмине блокадите со компромис.

Џафери додаде дека опозицијата со документот преку кој го известува за формирање на пратеничките групи, го признал неговиот легитимитет. На прашањето дали измените во Деловникот за работа на Собранието ќе овозможат спречување на опструкцијата од страна на опозицијата, Џафери вели дека ова ќе биде последен чекор.

„Треба да се има во предвид дека Деловникот и Законот за парламент има клаузула која вели дека измените во деловникот треба да се направат со консензус. Мислам дека во овој правец не треба да се мисли на тој чекор. Тоа е последниот чекор и јас како Претседател не сакам последниот чекор да биде прв.“ – изјави Талат Џафери, претседател на Собранието

ВМРО – ДПМНЕ од конститутивната седница немаше формирано парламентарна група. Со ова го блокираше конституирањето на Собранието. Истата пракса ја применува и сега за разрешување на јавниот обвинител Марко Зврлевски. 30 пратеници на ВМРО ДПМНЕ кои се пријавија за говор на претходната точка го спречија разрешувањето на Зврлевски. Бидејќи партијата на Никола Груевски го одложи за четири дена разрешувањето на Зврлевски, вчера од парламентот соопштија дека шестата собраниска седница ќе продолжи денеска, но дополнително партиите се договориле да продолжат во понеделник.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*