Don't Miss
Home / Uncategorized / Разрешени над 1.500 членови на Надзорни и Управни одбори

Разрешени над 1.500 членови на Надзорни и Управни одбори

Списокот со имињата на разрешените членови на управните и надзорните одбори утре ќе биде објавен во Службен весник. Според извори од Владата, нивните служби, изминатите неколку часа забрзано го подготвуваат материјалот за да го испратат на печатења, откако вчера со еден потег беа разрешени околу 1.500 членови на надзорни и управни органи во компаниите и државните институции кои ги држат на функција директорите поставени од ВМРО-ДПМНЕ.
По официјалната објава, следниот чекор на Владата е разрешување на директорите на државните институции кои ги наследија од претходната Владата.
 Владата соопшти дека разрешувањето се прави за да се спречат понатамошни штети по Буџетот, бидејќи има информации дека управните одбори дозволувале потпишување менаџерски договори со директорите за исплата на огромни надоместоци во случај ако бидат разрешени.
 Трошоците за членовите на Управните и надзорните одбори достигнуваат и над 3 милиони евра годишно.
Имињата на функционерите кои истовремено членувале и во неколку одбори засега официјално не се соопштуваат.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*