Don't Miss
Home / Uncategorized / УЈП присилно ќе ја полни касата на МРТВ

УЈП присилно ќе ја полни касата на МРТВ

Граѓаните и фирмите кои имаат неплатена радиодифузна такса до 30.06.2017 година, да извршат плаќање на долговите во најкусо време, бидејќи Управата за јавни приходи ќе отпочне со постапки за присилна наплата, предупреди денеска УЈП.
„Со цел обврзниците да не се изложуваат на блокирање на сметки и дополнителни трошоци, препорачуваме навремено да проверат дали имаат заостанати долгови, односно истите доброволно да ги платат. Потсетуваме дека до донесувањето на најавената измена на законот за укинување на РДТ, обврзниците имаат законска обврска да ја плаќаат оваа јавна давачка, а за неплатените обврски УЈП има законска обврска да ги преземе сите мерки за наплата“, велат во УЈП.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*