Don't Miss
Home / Политика / Опозицијата со над 1.000 амандмани ќе го прекројува ребалансот

Опозицијата со над 1.000 амандмани ќе го прекројува ребалансот

Собраниската расправата за ребалансот на буџетот стартува во понеделник во комисијата за финансирање и буџет. Пратеничките групи имаа рок до денеска да поднесат амандмани.

Според информациите од Собранието, досега се поднеле околу 1000 предлог промени на буџетот. Најголем дел од нив  поднела опозиционата ВМРО-ДПМНЕ, а само неколку ДУИ. Од СДСМ не најавуваат поднесување на амандмани.

Според предложениот ребаланс  се предвидува дефицитот на Буџетот да остане 2,9 отсто од БДП, а предвидениот раст да изнесува 2,2 проценти наместо првично предвидените 3 отсто.

Предвидено е кратење на расходите од 48,7 милиони евра и на капиталните инвестиции за исто толку, а предвидено е да се реализираат сите веќе започнати инфраструктурни проекти, како и да се додаде изградба на некои нови училишта во источна и во западна Македонија.

Проекцијата на приходите е проектирана на 3,003 милијарди евра. Кај расходите, проекцијата 3,305 милијарди евра. Дефицитот останува проектиран на 302 милиони евра.

Со ребалансот се кратат непродуктивните трошење во институциите, Владата и кај Претседателскиот кабинет.

Речиси 7 милиони евра ќе биде покус буџетот на премиерскиот кабинет, а кабинетот на претседателот на државата ќе има помалку 95 илјади евра  за трошење.

Со ребалансот најмногу пари се кратат од Министерството за образование, вкупно 21 милион евра и Министерството за внатрешни работи кое ќе има помал буџет за 6,7 милиони евра. За 3, 7 милиони евра е скратен буџетот на Министрството за култура.
Од другите кратења има кај судската власт за половина милион евра.

Вкупно 17,9 милиони евра повеќе од проектираниот буџет за годинава ќе добие Министерството за труд и социјлана политика за да ги реализира предвидените програми до крајот на годината. Околу 3,3 милиони евра се наменети за навремена исплата на сите загарантирани социјални права на граѓаните.

Министерството за економија добива 3,9 милиони евра повеќе, додека пак буџетот на Министерството за здравство се зголемува за 4,4 милиони евра, а на Министерството за информатичко општество и администрација е зголемен за 2,5 милиони евра. Со износ од 9 милионии евра, ќе се дополнат активните политики и мерки за поддршка за нови вработувања.

Дополнителни 20,2 милиони евра ќе добие и Фондот за пензиско и инвалидско осигурување за да се обезбеди непречена исплата на пензиите и трошоците за вториот пензиски столб.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*