Јавното Обвинителство ги имаше завршните зборови за случајот „Диво Насеље“. По презентирањето на доказите, Обвинителството рече дека сите обвинети се виновни за тероризам, а според обвинителот Наум Пановски, цел на обвинетите било да го заплашат народот.
-Врз основа на вербалните и материјалните докази, кои ги објавивме во текот на овој судски процес, потврдено е дека обвинетите се вршители на кривичното дело за кое се товарат. Во меѓувреме, дадените изјави на обвинетите не се совпаѓаат, односно, обвинетите многу често потенцираа дека поради не имплементирањето на Рамковниот договор, било причина за нивниот вооружен влез во Македонија, се со цел да одржат прес конференција. Но, на ова теза тие и се спротивставија со фактот дека претходно немаат воспоставено контакт со дипломатските претставништва во земјата а ниту со политичките партии, рече обвинителот Наум Пановски.
Обвинетите револтирани ја напуштија судската сала, со полициска придружба, не сакајќи да ги слушаат завршните зборови на Јавниот Обвинител. Од другата страна, одбраната вели дека според презентираните докази од страна на обвинителството, не постои дело тероризам за нивните клиенти.