Home / Uncategorized / Грујовски и Бошковски имале логистика при бегството

Грујовски и Бошковски имале логистика при бегството

Во планот за бесгство на Горан Грујевски и Никола Бошковски, можно е да се вклучени оперативци на тајната полиција, смета поранешниот шеф на внатрешната контрола во МВР, Восилав Зафировски.

Според него, Грујевски се уште важи за многу моќен човек во полицијата и не е за чудење доколку добива логистика од колегите на кои неодамна им бешпе шеф во Петата управа. За Зафировски поставувањето на нов директор во УБК не гарантира дека помош за двајцата обвинети за нелегалното прислушување нема да има. Зафировски објаснува дека токму во Петата управа со која раководеше Грујевски вработени се партиски кадри лојални нему и на ВМРО – ДПМНЕ.

„Инсталциите, врските, позициите на Грујевски и на неговиот соработник се се уште актуелни. Тие можат да помогнат и секако да понудат соодветна логистика. Од друга страна, сведоци сме дека цела партија или барем врвот на партијата од ВМРО – ДПМНЕ стои зад нив, така да логистика може да се очекува и од нив. Лично сметам сметам дека се се уште во земјава“, рече Воислав Зафировски, поранешен раководите на Скетор за внатрешна контрола во МВР.

Поранешниот судија Валентин Зафиров смета дека треба да се утврди одговорност кај сите судии кои одлучуваа за притворот на Грујевски и Бошковски.

„Па десет дена им оставија на луѓето да бегаат, да си организираат бегство и не само бегство туку и патот до бегството туку и дестинацијата до каде што ќе бидат и да си префрлат средства, зошто очигледно се многу богати и да си го обезбедат животот. 5:40Кога ние дававме притвор, пред да го врачиме решението за да не се даде во бегство обвинетиот ги повикуваме од полиција да асистираат при нивното носење во притвор“, вели Зафиров.

Горан Грујевски беше началник на Петата управа во МВР долги години. Беше под директна команда на поранешниот шеф на тајната полиција Сашо Мијалков. Според обвинението на СЈО тие се одговорни за нелегалното прислушување, но и за уништување на дел од машините за снимање на телефонските разговори. Специјалното обвинителство ги гони во случаите „Тврдина“ и „Таргет“. Грујевски и Бошковски се во бегство откако им беше потврден притворот, додека Сашо Мијалков остана без пасош.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*