Home / Uncategorized / Американски и Македонски војници вежбаат на Криволак

Американски и Македонски војници вежбаат на Криволак

DRAGOON GUARDIAN 17 е насловена вежбата во чии рамки американските и македонските војници ќе расчистуваат терени од експлозивни направи и ќе се справуваат со закани од хемиско и биолошко оружје. Ова е најголемата вежба што ќе биде одржана на Криволак.
„Се наоѓаме на нашата граница во завршна фаза за вежбата, но тоа не завршува соработката со американската армија и со нив ќе соработуваме на армискиот полигон Криволак каде ќе изведеме повеќе заеднички вежби.“ – изјави Мајор Ласте Ѓорѓиев.
„Имавме можност заедно да вежбаме и тоа беше дел од еден тренинг во Германија. Војниците се одлични и со нетрпение чекаме да продолжиме со вежбањето и во наредните десет дена. “ – изјави Потполковник Марк Хајнц.
Војниците ќе изградат и полетно слетна писта за дронови која и во иднина, македонската армија ќе ја користи за воено разузнавачки цели. Министерката за одбрана и амбасадорот на САД во земјава оценија дека вежбата ја приближува Македонија кон НАТО.
„И оваа вежба ќе биде можност за зајакнување на потенцијалот, знаењето и искуството на нашите единици, ќе ја приближи Македонија кон високите критериуми на нашите партнери од САД“ – изјави Радмила Шекеринска – министер за одбрана.
„Војници од Македонија се бореа рамо до рамо со американски војници во Авганистан во 2002 години и знаме дека американските војници имаат голема почит кон македонските колеги.“ – изјави Џес Бејли – амбасадор на САД.
Вежбата ќе се одржува до 10 август, а американските војници ќе посетат неколку градови низ земјава. Во понеделник, новинарските екипи ќе присуствуваат на дел од вежбите на Криволак.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*