Градоначалникот на Битола, Владимир Талески и секретарот на општината, Слободан Бончановски имале приватни фирми.
За Талески деновиве советникот на СДСМ, Горан Козаров ја информираше битолската јавност дека имал приватна фирма за производство на филм “Арт Медија “ ДОО Битола, а приватна фирма за водење на книговодствени услуги “ Евиденција” има и неговата десна рака, Слободан Бончановски, човекот за кого сите во општинската администрација тврдат дека ведри и облачи во битолската локална самоуправа
И двете фирми на првите луѓе во општината, на Талески и Бончановски се предмет на истрага на обвинителките на СЈО, кои го водат случајот “Транспортер “.