Шпанската полиција информираше дека Барселона комбе удрило во толпа пешаци кои се движеле на пешачка зона. Според досегашните информации, неколку луѓе се повредени.
-Во централниот дел на Барселона во огромен судир предизвикан од страна на поединец кој возеше комбе има многу повредени , се наведува во соопштението.
Станува збор за туристичката област Лас Рамблас. Полицијата ја опколи популарната улица со кордон и им нареди на продавниците и блиските метро станици да затворат.