Don't Miss
Home / Uncategorized / И сопругата на Бончановски во бизнис зделки

И сопругата на Бончановски во бизнис зделки

И покрај тоа што двајцата одлично заработуваат државни плати, сепак изгледа дека нивните доста добри лични примања не им се доволни па двајцата се занимаваат и со бизнис.

Така секретарот на Општината, Слободна Бончановски  е сопственик на приватна фирма за водење книговодство “Еиденција“, а неговата сопруга Нада Бончановска е една од неколкуте сопственици на Здружението на возачи “Еуротест“ Битола.

Нада Бончановска е содружник во Здружението кое на чуден начин се приватизира и веке неколку години е во приватна сопстевност.

Здружението “Еуротест“ е формирано на 19.06.2009 година кога неколкумина битолчани блиски до власта мегу кои  Нада Бончановска го приватизираа.

“Еуротест“ е приватизирано за смешна сума на пари од само 32.100 евра

Интересно е што имотот на Здружението на возачи Сотир Наумовски е оценет само на 5.000 евра

Инаку Нада Бончановска е вработена во Националниот парк Пелистер, каде решавачки е гласот на членот на УО кој го делегира Општината Битола.

Поопширно за приватизацијата на “Еуротест“ во следниот број на Битолски весник

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*