Во текот на месецот СВР Битола поднесе и три кривични пријави заради постоење на основи на сомнение дека сторил кривично дело “Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори” и тоа:
– Против К.З.(32) од Битола, кој, во месец Април 2016 год. од НН лице неовластено набавил наркотична дрога хероин и истата ја препакувал во две помали пакувања и ја спремал за продавање. Од страна на полициски службеници од ОНТДО биле превземени мерки и активности на терен, при што бил затекнат пријавениот и при личен преглед кај истиот е пронајдено најлонско пакување со НН кафеава прашкаста материја. Исто така во левиот страничен џеб од винтијагата било пронајдено уште едно пакување со НН кафеава прашкаста материја. Предметниот материјал е одземен и доставен на вештачење во ОКТИВ при МВР на РМ и од извршените анализи на предметниот материјал, потврдено е дека двете полиетиленски пакувања со вкупна нето маса од 0,49 гр. претставуваат опојна дрога хероин.
– Против С.Ј. (25), затоа што , од непознато лице неовластено , заради продажба, набавил наркотична дрога- марихуана, која ја држел во себе и ја пренесувал. Од страна на полициски службеници од СВР- Битола, на ден 13.03. 2017 година во околу 22,45 часот , во Битола, истиот е забележан како од десната рака фрлил една паковка непозната материја, која е подигната и со наредба за вештачење е испратена во ОКТ при МВР. Од извршената анализа е утврдено дека растителната материја претставува опојна дрога – марихуана.
– Против Ј.И(23) од Битола, кој откако неовластено набавил опојна дрога марихуана, во период од околу 2 месеци неовластено му ја нудел и продавал на 30 годишно лице К.М. од Битола. На 07..08.2017 год. околу 22:50 час. при обид од страна на полициски службеници од СВР Битола, да го сопрат и извршат преглед врз возилото „Голф” кое го управува пријавениот, истиот со голема брзина заминал, со цел да ја избегне контролата. Во близина на бензинската пумпа „Мак Оил” пријавениот предизвикал сообраќајна незгода удирајќи во друго возило, а потоа во столб за улично осветлување. Веднаш после ударот лицата излегле од возилото и се обиделе да побегнат од местото на настанот, но во намерата биле спречени од ПС од ОКП-ОНТДО и лишени од слобода. При преглед на возилото пронајдена е и со потврда за привремено одземени поредмети одземена е 1 најлонска паковка со НН растителна материа. На 10.08.2017 год. околу 00:25 час. на м.в. Билбил Камен на излезот од Битола кон Ресен, од ПС од ОКП-ОНТДО извршен е преглед на К.М.(30)од Битола и пмв Фолксваген Поло при што пронајдени и со потврда за привренео одземени предмети, одземени се : 1 рачно изработена цигара со НН растителна материја, 1 опаковка од цигари „Вест” со НН растителна материја, 1 опаковка од цигари „Вест” со траги од НН растителна материја, 1 дробилка со траги од НН растителна материја и 1 најлонска кеса со НН растителна материја.Според известувањето дадено од лицето, растителната материја (марихуана) за сума од 1.500 ден. ја купил на 06.08.2017 год. по претходен договор со пријавениот преку мобилен телефон. Дополнително, по добивање на Наредба од ЈО од ОЈО Битола, ќе се врши вештачење на непознатата растителна материја.