Don't Miss
Home / Uncategorized / Кирил Божиновски: Во Владата на Груевски немаше “безработни“ вработени

Кирил Божиновски: Во Владата на Груевски немаше “безработни“ вработени

Поранешниот генерален секретар на Владата Кирил Божиновски, реагираше во врска со обвинувањата од страна на актурлниот генералниот секретар на Влада, Драги Рашковски, за кои вели дека се неосновани. Тој додаде дека од 2010 година до 2017 година, професионално, чесно и посветено ја извршувал функцијата генерален секретар, притоа почитувајќи ги сите законски пропишани процедури и постапки.

-За секој вработен беше определено соодветно работно место и секој вработен ги извршуваше работните задачи било во Генералниот секретаријат, било во друга институција каде што вработениот беше упатен да извршува работни задачи. Небулозно е Драги Рашковски да се заканува дека ќе ми поднесе некаква си кривична пријава затоа што сум исплаќал плати на овие лица, кога и тој самиот на истите тие лица им ја исплатил платата за месеците мај, јуни и јули. Целосно и енергично ги отфрлам обвинувањата од сегашниот генерален секретар на Владата и најавувам соодветна судска постапка за заштита на мојот углед и на угледот на сите вработени во Генералниот секретаријат – вели Божиновски.

Според него, сите вработени соодветно ги исполнувале сите права и обврски и користеле годишни одмори, боледувања, а редовно биле и оценувани.

– Заради сето ова, од кое јасно се гледа дека законите се беспрекорно испочитувани, сакам целосно и енергично да ги отфрлам обвинувањата од сегашниот генерален секретар на Владата и најавувам соодветна судска постапка со цел заштита на мојот углед и угледот на сите вработени во Генералниот секретаријат – рече Божиновски.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*