Don't Miss
Home / Uncategorized / ВМРО ДПМНЕ почнува со трибини со граѓаните

ВМРО ДПМНЕ почнува со трибини со граѓаните

Од ВМРО-ДПМНЕ информираат дека од утре почнуваат со трибини насловени „Отворено со комисиите на ВМРО-ДПМНЕ – Знаеме како, можеме подобро“ на кои ќе се обиделе да се доближат и ги одговорат прашањата на граѓните.

Првата трибина ќе ја одржи Правната комисија на ВМРО-ДПМНЕ, во петок 01.09.2017 година со почеток во 19 часот.

На трибините членовите на партиските комисии ќе ги истакнуваат своите видувања за актуелни општествени прашања, ќе ги претставуваат политиките на партијата и решенијата за тековните проблеми и предизвици, како и стратегиите и проектите за развој и напредок во сите општествени сфери, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Тие информираат дека сите граѓани ќе имаат можност да им постават прашања на комисиите, на тема од областа на комисијата која во тој ден ќе ја реализира трибината. Трибините ќе се емитуваат во живо секој ден во 19:00 часот на фејсбук страната на ВМРО-ДПМНЕ: https://www.facebook.com/vmromakedonija.

Граѓаните своите прашања ќе можат да ги постават секој ден до 17:00 часот во тековниот ден кога се одржува комисијата на следниот е-маил: postaviprasanje@vmro-dpmne.org.mk .Темите на трибината и комисијата која ќе настапи ќе бидат објавувани и на фејсбук страната на партијата.

Сите прашања кои ќе бидат поставени и кои се однесуваат на ресорот и делокругот на работа на комисијата ќе бидат одговорени, при што дел од прашањата ќе се одговораат на самата трибина, додека пак останатите прашања ќе бидат одговорени од страна на соодветните комисии по електронски пат до испраќачот.

– ВМРО-ДПМНЕ ги охрабрува сите граѓани да се вклучат во трибините, со што ќе придонесеме за подемократско, транспарентно и одговорно општество, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*