„Ниту еден референдум за непосточеки прашања нема да го спаси ВМРО-ДПМНЕ од тешкиот пораз што ќе го снајде на локалните избори кога граѓаните ќе го казнат за досегашното криминално, расипничко и антидржавно функционирање“, стои во реакцијата на СДСМ на прес конференцијата на Невенка Стаменковска од ВМРО-ДПМНЕ.
„Граѓаните ги препознаа лажните вести на ВМРО-ДПМНЕ и знаат дека населувањето и вдомувањето на бегалци, постои само во пропагандата на Никола Груевски. Македонија беше и ќе продолжи да биде земја транзит за бегалци, а најдобар доказ за тоа е тоа што досега низ Македонија имаат транзитирано над 1 милион бегалци, а од нив само 15 лица останале на привремен престој во државата.
Референдумите се врвна демократска вредност и треба да се користат за клучни прашања од интерес на граѓаните, а не за измислиците и лагите на Груевски и ВМРО-ДПМНЕ.
За да се докаже апсурдноста и бесмисленоста на пропагандата на Груевски, СДСМ веќе јавно соопшти дка ќе гласа За на претстојните референдуми кои случајно или не, се организираат само во оние општини каде што ВМРО-ДПМНЕ знае дека убедливо ќе загуби.
Но, никој нема право да ја спречува слободата на политичкото изјаснување на граѓаните“, стои во реакццијата на СДСМ.