Don't Miss
Home / Колумни / Шарлатан(ни)

Шарлатан(ни)

За битолскиот градоначалник Владимир Талески кој деновиве  доби нова кривична пријава случајот “ Транспортер “  во  кој тој е првообвинет е благодарение на многу шарлатанство, непрофесионализам и тенденциозност во новинарската фела.

Вака Талески  одговори на новинарско  прашање како  тој го коментира Извештајот што битолската полиција    го поднесе против него и уште неколкумина вработени во општинската администрација во  „Транспортер 2” за неосновано работење и злоупотреба на службената положба.

Талески во негов нарцисоиден стил, по кој знае кој пат ги обвини новинарите дека  тие се виновни сто случајот “ Транспортер “ добил толку голем публицитет.

Градонашалникот Талески го кажа тоа  пред микрофоните и остана жив.

Без ни малку срам и перде “таткото” на градот ги искара непослушните (деца)новинари дека во најмала рака тие се виновни што тој е обвинет од страна на СЈО за “ бесплатниот превоз “ на учениците, кои досега и во иднина и те како скапо (ќе)ја чини Битола.

Но кога е во прашање Талески тој се однесува во стилот “Скопско и се е можно”.

Човекот  кој од министерот за финансии Зоран Ставревски во “бомбите “ беше наречен најголем криминалец и е обвинет за тежок криминал во врска со “бесплатниот “ превоз кој Битола наместо да  се запраша себеси и тие околу него, особено на неговата десна рака Слободна Бончановски,  каде и колку згрешија кога е во прашање овој скандал и да  му се љути на “својот” министер  Зоран Ставревски,  кој во  “бомбите “  него го обвини за тежок криминал, им се љути на новинарите што ете од страна на  СЈО тој бил обвинет за криминал тежок 290.000 евра.

Иако Старевски кога го обелодени случајот упати тешки и навредливи зборови за Талески, нарекувајки го тежок криминалец и  лигле, кој патем  му упати  уште и навреди и на лична адреса, никогаш во ниту една изјава  тој не му врати на Ставревски за упатените тешки квалификации за финансискиот скандал со превозот,  туку изјавуваше дека тие одлично соработуваат, и овој пат не ја пропушти приликата да ги обвини битолските новинари дека во најмала рака тие му го сместиле случајот  “ Транспортер “ 1 и 2.

Дали  Талески и останатите обвинети се  виновни  во случајот “ Транспортер “ ќе треба тој да докаже на суд, бидејки против него и останатите веке е поднесено обвинение. Обвинението СЈО сигурно не го поднесе на барање на битолските новинари, туку откако слушнаа што зборува Ставревски за овој скандал во “ бомбите “.

Веќе, в четврток, во Осовниот суд Скопје 1,  на 28 септември почнува судењето во Скопје за случајот “ Транспортер “ Во судскиот процес кој му престои, Талески и сите останати други обвинети ќе треба да ја докажат својата невиност.

Доколку се покаже дека тој нема вина за овој скандал, Талески ќе биде ослободен од обвинението.

Тоа што досега СЈО не се повлече од обвинието засега зборува дека обвинтелството има сомневања дека во овој случај има криминал, или најблаго речено злоупотреба.

Но Талески треба да знае дека  за неговиот судски процес најмалку се виновни новинарите, бидејки СЈО не го гони него и останатите обвинети поради објавени написи за “ бесплатниот превоз”, или по кривична пријава на новинарите. СЈО го гони по сомневањата што ги искажа за него во врска со превозот неговиот доскорешен министер за финансии Зоран Ставревски.

Но зошто тој сите овие месеци никогаш не го обвини Ставревски за неговите обвинувања, упатени на негова адреса, тоа е прашање на кое тој самиот треба да си даде одговор. Но очигледо е дека Талески нема храброст да му врати на Ставревски па сега критиката ја упатува кон новинарите.

Ова е прв и единствен случај во историјата на Битола во кој  благодарение на градоначалникот и  неговата десна рака Слободан Бончановски се обвинети дури 25 лица, од кои најголемиот број се директори на училишта  управители на фирми и неколку раководни лица во општинската администрација.

Ни најпеднатните хроничари не паметат кога имало ваков случај.

Наместо  Талески овие неколку дена да ги искористи за што подобро да се подготви за својата одбрана на судењето,тој  без око да му трепне новинарите ги нарекува шарлатани.

Кога во изминатите 12 години на јавноста им ги презентираше неговите проекти, тогаш новинарите не беа шарлатани, туку   вистински професионалци, кои во голема мера се заслужни за неговата и афирмацијата на Битола.

Сега, кога треба да се пишува за скандалот за кој е обвинет заедно со неговиот “експерт” Слободан Бончановски и во кој ги вмешаа уште 20 тина други лица, новинарите се шарлатани.

Ако е и од Талески многу е.

Етикета шарлатан(и) во моментот  нему многу повеке му одговара, бидејки во изминатите 12 години, Талески направи толку многу шарлатански работи, кои не би ги направил ни најголемиот политички дунстер.

Човекот кој на прес коференции ни   “градеше” фабрики, затворени базени, аеродроми, подземни и надземни гаражи, голф терени, ски центри, хотели, супер маркети, трговски центри, аква паркови, нови кули и градови, хациенди, цркви, манастири, стадиони, спортски центри, топлификации, гасоводи, филмски студија, хотели, споменици, …  очигледно не може сеуште да излезе од својот филм, во кој тој беше и мисли дека сеуште е сценарист, глумец, режисер и продуцент.

За сите свои нереализирани шарлатански замисли и проекти, кои Битола дебело ги плати тој стално има оправдување.

Засега има оправдување и за “ Транспортер”. Но овој пат се прелага самиот.

За тоа ќе суди некој друг, а не тој со своите во најмала рака недугави изјави.

За кусо време ќе се види кои биле шарлатани. Тој или новинарите.

Покрај тој за тоа ќе има прилика да суди и некој друг. Овој пат првата пресуда за Талески стигна од тој што најмногу го поддржуваше. По битолската јавност која одамна го чкртна, деновиве него го чкртна и неговиот лидер Никола Груевски.

Сега тој е запишан во листата на сомнителни лица.

Мислам дека тој лик Талески  го има играно на Театар. Сега треба да го игра во Основниот суд Скопје 1.

Завесата во политката за него  е спуштена. Сега е подигната завесата на СЈО.

Како таму ќе се снајде останува да се види. Но таму тој не режира. Таму тој е само сомнителен, каков што битолчани го доживуваат.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*