Don't Miss
Home / Uncategorized / Наташа Петровска: Гасификација за почист воздух и поевтино греење

Наташа Петровска: Гасификација за почист воздух и поевтино греење

Клучен проект на локалната самоуправа предводена од СДСМ и Коалицијата ќе биде гасификацијата и тоа од два аспекти. Првиот секако е еколошкиот момент. Имено, со употребата на гасот како алтернативно гориво за затоплување на институциите и домовите на нашите сограѓани, значително ќе се намали загадувањето на амбиенталниот воздух. Конечно ќе исчезнат зимските смогови во нашиот град.

Вториот аспект е економскиот бенефит и заштедата која корисниците веднаш ќе ја почуствуваат.

Токму затоа денес се наоѓаме пред ОУ „Елпида Караманди” кое на крајот на 2016-та година имаше 7 милиони долг и блокирана сметка. Со гасификацијата уште во првата фаза ќе им овозможиме на училиштата да остварат финансиски заштеди за греење и со тоа ќе им помогнеме да ги санираат своите енормни долгови. Самиот процес на изградба на гасоводната и дистрибутивна градска мрежа ќе се одвива на следниов начин:

-изработка на физибилити студија и проектна документација

-формирање на јавно претпријатие за енергетски дејности

-изработка на гасоводни линии, мерно-регулаторни станици и преадаптација на котларниците за затоплување

-дистрибуција на природниот гас од гасоводниот систем воспоставен од Р.Македонија или преку така наречениот виртуелен гасовод. Финансирањето на проектот ќе се обезбеди со средства од општината,Р.Македонија и ИПА фондовите- истакна на прес-конференција Наташа Петровска, кандидат за градоначалник на Битола од СДСМ и Коалицијата “ За живот”.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*