Don't Miss
Home / Македонија / Министерот Ивановски на Форум за интернет владеење во Истанбул

Министерот Ивановски на Форум за интернет владеење во Истанбул

Министерот за информатичко општество и администрација Иво Ивановски, од 1 до 2 септември, 2014 година учествува на 9-от Форум за интернет владеење ( ИГФ), кој се одржува во Истанбул .

Главната тема на овогодинешниот форум е „Поврзување на континентите за подобрено интернет владеење со вклучени засегнати страни”. – тема инспирирана од самата локација на одржување на форумот.
Во рамки на посетата министерот учествуваше и на Лидерскиот состанок на високо ниво, на кое имаше свое обраќање на тема „Градење на капацитети за економски развој”, кој се одржа на 1 септември.
Форумот за интернет владеење по својот формат е настан од повеќе чинители на кој се дискутира за политиките во областа на интернет владеењето.
На Форумот учествуваат високи владини претставници, претставници на невладиниот сектор, академска и техничка/инженерска заедница, приватниот сектор и меѓувладини меѓународни организации (ИТУ, УНЕСКО).

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*