Don't Miss
Home / Uncategorized / Талески ја доби првата главна улога: Сомнително лице

Талески ја доби првата главна улога: Сомнително лице

Откако во средата си замина од градоначалничката функција и наместо по црвениот тепих, од  Кабинетот цели 12 години ни го режираше ѝивотот во градот си замина сам од зад општинската зграда со својот приватен автомобил, сега веќе екс градоначалникот на Битола подде барање да се  врати во својата матична куќа Народниот театар.

Во очекување од новиот прв човек на НТБ Иван  Јерчик да добие улога што ќе ја игра во Театарот, Талески веќе доби главна улога во која наскоро ќе се појави.

Главаната улога пред Јерчиќ на Талески му ја додели Катица Јанева од СЈО, која овој пат е таа која ќе му режира на екс  градскиот режисер талески.

Во прествата на Катица јанева Талески (ќе) ја игра улогата “Сомнително лице’

покрај Талески во ова апрестава  ќе се појават и други “актери “ од неговиот општински ансамбл, неговата десна рака, Слободан Бочановски и уште двасетина други ликови, кои додека Талески ни го режираше животот на илајднци битолчани тие беа обични статисти, слепо слушајки ги неговите наредби.

Премиерата на прествата Сомнително лице, која еднаш беше одложена, а  во која Талески игра главна улога  за жал наместо битолчани во живо први  ќе можат  да ја видат скопјани, бидејки истата е закажана во една од судниците на Основниот суд Скопје 1 на 6 ноември.

Инаку, кога Талески премиерно ќе се појави  на штиците што живот значат во БНТ, никој не знае, како што и никој не знае која улога и чиј лик ќе ја добие тој.

Интересно е како ќе биде примена од публиката неговата улога, бидејки битолската публика засега него единстево го доживува како Сомнително лице. Дали тој ќе ја имаа таа чест да добие улога на јазовец пред суд останува да се види.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*