Во фискултурната сала на ООУ „ Христијан Тодоровски- Карпош“, денеска, одбојкарките од ООУ „ Димо Хаџи Димов“ и ООУ “ Петар Поп Арсов“, го одиграа финалниот натпревар од одбојкарскиот куп по повод Денот на Општина Карпош 3-ти Ноември.
Во еден неизвесен и изедначен спортски натпревар, основките од „Димо Хаџи Димов“ победија во одлучувачкиот сет со 15:13, или вкупно во сетови 2:1. Претседателот на Советот на Општина Карпош Душко Весковски им додели дипломи на второпласираните одбојкарки од Петар Поп Арсов, додека Градоначалникот на Општина Карпош Стефан Богоев им го честиташе успехот на победничките од „Димо Хаџи Димов“, доделувајќи им дипломи но и победничкиот пехар.