Home / Спорт / Отворен меѓународниот турнир за фудбал во Новаци

Отворен меѓународниот турнир за фудбал во Новаци

По повод одбележувањето на 8 септември, Денот на независноста  во Новаци денеска и официјално беше отворен  6-тиот, тадиционален  меѓународен турнир во фудбал за деца до 13 години “ Новаци 2017”

На овој традиционален фудбалски турнир учествуваат млади фудбаери родени  (ген.2002,2004,2006,2007 и 2008г.)

На турнирот учествуваат екипи од БИХ, Грција, Србија и Македонија.

Интересот за учество на турнирот годинава беше  над сите очекувања, бидејќи наместо планираните 20 екипи се пријавија вкупно  40 тимови, во кои настапуваат  над 600 деца .

Турнирот ќе трае  два дена, а  екипите ќе одиграат  вкупно  74 натпревари во сите категории.

Екипите се  поделени во 5 категории во ген.2002, 2004, 2006, 2007 и 2008г.

Финалните натпревари ќе  се одиграат в недела попладне на стадионот во Новаци.

За најдобро пласираните екипи планирани се пехари и медали а ќе има избор за најдобар играч, стрелец и голман за секоја категорија посебно.

Турнирот  го отвори градоначалникот на Општина Новаци, Лазар Котевски, кој е  генерален покровител на  турнирот.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*