Постојано и масовно расте поддршката на “Фејсбук“ групата со наслов “Битола сака чист водух“ и за помалку од два дена има над 5500 поддржувачи, главно од Битола.
Битолчани се крајно загрижени за воздухот кој што го дишат, а особено со алармантните податоци коишто доаѓаат од медицинските работници дека драстично се зголемува и бројот на лицата заболени од рак.
Во последно време, сите мерења на загаденоста на воздухот во Битола, покажуваат дека Битола е еден од градовите каде загадувањето на воздухот постојано расте.
До редакцијата на Битолски весник стигнаа информации од наши читатели дека загадувањето на воздухот е некогаш е за илјада проценти над дозволеното.
На интернет страницата на Министерството за животна средина не се мери колкав е квалитетот на воздухот во Битола.
Б.В.