Home / Uncategorized / Битолчани масовно ја поддржуваат групата “Битола сака чист воздух“ на Фејсбук

Битолчани масовно ја поддржуваат групата “Битола сака чист воздух“ на Фејсбук

Постојано и масовно расте поддршката на “Фејсбук“ групата со наслов “Битола сака чист водух“ и за помалку од два дена има над 5500 поддржувачи, главно од Битола.
Битолчани се крајно загрижени за воздухот кој што го дишат, а особено со алармантните податоци коишто доаѓаат од медицинските работници дека драстично се зголемува и бројот на лицата заболени од рак.
Во последно време, сите мерења на загаденоста на воздухот во Битола, покажуваат дека Битола е еден од градовите каде загадувањето на воздухот постојано расте.
До редакцијата на Битолски весник стигнаа информации од наши читатели дека загадувањето на воздухот е некогаш е за илјада проценти над дозволеното.
На интернет страницата на Министерството за животна средина не се мери колкав е квалитетот на воздухот во Битола.

tabeli

Б.В.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*