Don't Miss
Home / Uncategorized / За неплаќање куќен фонд 300 евра глоба

За неплаќање куќен фонд 300 евра глоба

Над 60 битолчани, кои не платиле куќен фонд, наскоро, не само што ќе мораат да ги подмират обврските за неплатен куќен фонд, туку  ќе мораат да платат и по 300 евра  казна.

Ваквата информација деновиве ни ја соопштија  група граѓани, кои ја посетија нашата редакција и кои не информираа за овој несекојдневен  случај, кој можеби  ќе биди поучен и за другите  битолчани кои заборавиле да платат за одржување на своите станбени згради.

-Јас сум социјален случај, кој добива социјална помош. Не заради тоа што не сакав, туку пред се заради тоа што немав пари, не платив куќен фонд. Сега покрај  за куќен фонд ќе треба да платам и 300 евра казна. Ова навистина е невидено. Ако треба ќе одам  в затвор, но јас таа казна нема да ја платам, бидејќи тие пари не само што ги немам, туку не можам да ги имам и во наредните 10 години, ни вели еден од граѓаните, кои деновиве ја посетија нашата редакција  се пожали ја на нивниот проблем.

Слична како и неговата е и приказната и на другите соговорници, кои во најголем број се социјални случаи, а кои ќе мораат покрај за куќен фонд да платат и по 300 евра глоба.

Поопширно во утрешното печатено издание на Битолски весник

 

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*