Don't Miss
Home / Свет / Ратко Младиќ доби доживотен затвор

Ратко Младиќ доби доживотен затвор

Судскиот совет на Хашкиот трибунал денеска го осуди командантот на силите на босанските Срби, генерал Ратко Младиќ на казна доживотен затвор.

Станува збор за првостепена пресуда, на која жалба ќе може да поднесат и Хашкото обвинителство и одбраната на Младиќ.

Младич е обвинет за геноцид на муслиманите и други воени злосторства извршени на територијата на Босна и Херцеговина од 1992 до 1995 година.

Младиќ беше уапсен на 26 мај 2011 година, откако 12 години се криеше во околината на Лазарево, а во Хаг беше екстрадиран на 31 мај истата година.

Хашкото обвинителство во завршниот говор кон крајот на минатата година побара од Судскиот совет Младиќ да биде осуден на доживотна затворска казна, со образложение дека пократка казна би претставувала „навреда за жртвите, живи и мртви, и навреда за правдата“, додека неговата одбрана бараше помала казна.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*