Сопственичката на фирмата ВАН ГРУП ДООЕЛ од Могила, Лиле Лулевска која за годинашниот фестивал Бит Фест доби ни помалку ни повеќе туку еден цел милион денари е хит во Могила.
Имено според информаците на порталот на Битолски весник могилчани, кој ја знаат Лиле Лулевска ка скромна медицинска сестра не можат да се изначудат за кој и каков проект таа добила толку многу пари.
Од разговорот што го имавме овие денови со могилчани ни беше речено дека таа била медицинска сестра, која работела до неодамна во приватната установа Неуромедика, но подоцна таа се омажила и заминала за Германија.
Во првиот момент кога им кажавме зошто се интерсираме за Лиле Лулевска могилчани ни рекоа дека тоа еобична лага и не е можно таа да има добиено 1.000.000.00 денари. Но откако им го покажавме списокот со добиените пари и изводот од тековната сметка на која јасно се гледа дека Лиле Лулевска е сопственик и управител на фирмата ВАН ГРУП ДООЕЛ тие останаа без збор.
Инаку тие кои ја знаат Лулевска ни рекоа дека таа воопшто не се занимавала ни со пеење, ни со музицирање, а уште помалку со менаџерство.
Во Неуромедика ни рекоја дека Лулевска била скромна медицинска сестра, а никој од тие со кои разговаравме не знаат зошто таа за Бит фест добила 1.000.000.00 денари
Зошто ги добила овие пари Лиле Лулевска останува да покаже ревизијата која се врши за Бит Фест.
Но според информации на Битолски весник и документите кои ги обезбедивме во изминатите денови, а кои ке бидат објавени во печатеното издание на Битолски весник на годинашниот Бит Фест и на други фантомски фирми им се исплатени високи износи на пари.
Засега останува непознато по кои критериуми се плаќани тие пари. Денеска разговаравме и со некои членови на Комисијата за Бит Фест кои се чудат на исплатените износи и кои ни тврдат дека тие немаат никаков удел во тоа, туку единстевниот кој одлучувал за парите бил екс градоначалникот Владимир Талески.