Don't Miss
Home / Uncategorized / Заев и Груевски се договориле да се договараат

Заев и Груевски се договориле да се договараат

Премиерот, Зоран Заев, изјави дека вчерашната средба со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, во претседателскиот кабинет поминала конструктивно и дека двајцата лидери се договорите средбите да продолжат. Тема на разговорите, како што соопштија и од кабинетот на Иванов, била нормализација на политичките процеси по апсењето на триесетина лица инволвирани во крвавите настани од Собранието.

– Разговаравме отворено сѐ со цел како одговорни субјекти преку дијалог да ги изнаоѓаме решенијата кои се проблематични за било кои од страните во државата. Посебно беше нагласена потребата опозицијата да биде целосно инклузивно вклучена во процесите кои доаѓаат, а секако изразуваат своето незадоволство поради случаи кои имаат одредна правна импликација изразена преку предметите кои се водат од страна на правосудните органи – рече Заев.

Тој одби да ги коментира одлуките на судот на тринаесет осомничени лица да им одреди притвор, а на шестмина куќен притвор.

-Не би сакал да ги коментирам судските одлуки или слично јас се посветувам на политичкиот аспект поради тоа што сум политичар. Очекувам да се почитуваат Уставот и законите. Да се води грижа комплетно кон она што го почитуваат правните норми во нашата земја и ништо повеќе и ништо помалку. Верувам дека во Македонија секако владеење на правото мора да има, но истовремено мораме да бидеме сите внимателни заради перспективите на државата. Македонија е исправена пред сериозни процеси не очекуваат сериозни реформи и верувам дека во тој дух апсолутно ќе можеме преку разговор со политичките субјекти да изнаоѓаме политички решенија – рече Заев .

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*