Home / Uncategorized / Заев: Испишавме историја

Заев: Испишавме историја

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев не го криеше задоволството од ратификувањето на Протоколот на Шпанија за пристап на Македонија кон НАТО.

„Испишавме историја!

Во овие денови кога сите се бориме со заканата од корона вирусот, добри вести стигнaa од Мадрид.

Шпанскиот сенат пред малку го ратификуваше Протоколот за пристапување на Република Северна Македонија во НАТО.

Со ова, сите 29 земји членки го ратификуваа Протоколот, Северна Македонија и официјално станува 30-та земја членка на најголемиот и најважен воено-безбедносен сојуз во светот.

Нашето знаме ќе се вее пред седиштето на НАТО, седнуваме на иста маса со развиенот западен свет, нашиот глас ќе биде рамноправен со гласовите на најмоќните држави.

Членството во НАТО значи безбедност, сигурни граници, но и подобар животен стандард.

Една од двете стратешки цели на генерации наши граѓани е остварена, затоа ќе продолжиме уште попосветено и помотивирано во остварување и на другата стратешка цел – прво преговори, па членство во ЕУ.

Солидарноста и заедништвото се најсилното оружје од справување со било каква опасност.

Здравјето пред сѐ, ќе се издигнеме уште повеќе и ќе успееме уште повеќе!“, напиша тој на својот профил на Фејсбук.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*