Новиот управен на одбор на РК Пелистер денеска ја одржа првата официјална прес-конференција, на која ја запозна јавноста со плановите и амбициите на клубот за идната сезона.
. Претседателот Васко Ковачевски и спортскиот директор Златко Димитровски најавија дека з аПелистер доааѓат подобри времиња.
„РК Пелистер е спортскиот бренд на Битола. Зедовме обврска да ги регулираме сите обврски за клубот. Општина Битола како единствен акционер одвои значителна сума за клубот, но ги повикувам сите стопанственици, луѓето од бизнис секторот да ни се приклучат. Управниот одбор брои девет члена, но наскоро ќе приклучиме уште неколку луѓе.Ветувам силен и организиран Пелистер, кој ќе биде значаен фактор во македонскиот ракомет, но и на меѓународна сцена. “, истакна првиот човек на клубот, Васко Ковачевски., кој истакна дека ова раководство ќе биде отворено за сите компании, кои сакаат да се вклучат во овој проект.
„Акциите се на берза и отворени сме за соработка со сите компании кои сакаат да ја искористат својата општествена должност и да се вклучат во нашиот проект.“