ВМРО-ДПМНЕ ја врати позицијата потретседател на партијата и вечерва избра тројца потпретседтели: Митко Јанчев, Александар Николовски и Владо Мисајловски.
Во игра за потпретседател беше и Влатко Ѓорчев, но тој од привремен сега е избран за официјален координатор на пратеничката група, а согласно партискиот Статут не може да има дуплирање на функциите.
ВМРО-ДПМНЕ вечерва избра и нов генерален секретар, а тоа е Игор Јанушев.