Согледувајќи ги тешките состојби во кои се наоѓаат дел од улиците во периферијата на Општина Битола, општината започна со санирање на дел од нив.
Во таа насока, на улицата “Лавчански пат“ извршено е чистење и тампонирање, со што неодамнешната слика на каллива, тешко проодна улица, денес прикажува една комплетно нова состојба.
Според кажувањето на жителите од овој дел на улицата “Лавчански пат“, првпат после 10 години инсистирање и барање на интервенција од општината, еден горлив проблем за нив, конечно е решен.
Општината Битола, продолжува со инфраструктурни активности и на други локации, со цел обезбедување подобри услови за живот на сите граѓани.