Home / Македонија / Судењето на Владимир Талески одложено за 21 февруари

Судењето на Владимир Талески одложено за 21 февруари

Судењето на поранешниот градоначалник на Битола, Владимир Талески, денеска беше одложено за 21 февруари.

Причината за одложувањето е тоа што Апелациониот суд сè уште не одговорил на поднесена жалба во овој предмет.

Талески заедно со уште 20-ина лица во предметот на СЈО, „Транспортер“, е обвинет за злоупотреба на службената положба во врска со организирањето превоз на ученици во Битола, со што е направена проневера на речиси 360.000 евра.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*