Вчера во службена посета на општината Битола беше бизнисменот Трифун Костовски, кој со градоначалничката Наташа Петровска имаше плоден разговор на неколку теми.
За време на посетата Костовски искажа подготвеност заедно со општината Битола и Битолски весник да го организира турнирот за ветерани во фудбал, ракомет и кошарка.
Турнирот би се одржал пред 11 Октомври,а главен технички реализатор би бил Битолски весник.
Костовски подоцна се сретна со градоначалникот на Новаци, Љубе Кузманоски и ја прифати понудата да биде главен спонзор на мегународниот турнир за пионери, кој традиционално се одржал во Новаци