Don't Miss
Home / Uncategorized / Канчевска давала тендери и на луѓе кои не можела да ги смисли?

Канчевска давала тендери и на луѓе кои не можела да ги смисли?

Пред малку во судница во Кривичниот суд одекнаа пет бомби, кои СЈО ги предложи како доказ во случајот Тендери во кој првобвинета е екс министерката Елизабета Канческа Милевска.

Четири од разговорите се од 2011, а еден од 2013, а главни актери се Канческа-Милеска, Миле Јанакиески, Илија Бреслиски и Гордана Јанкулоска.

Првиот разговор зборуват Јанакиески, Канческа Милевска и Бреслиски.

„Здраво директоре. Тука е Миле. Еве седиме со Бети и те поздравува. Утре објава ќе имало, ама еве ти ја Бети, она ќе ти објасни – му вели Јанакиески на Бреслиски.

„Здраво директоре, утре ќе го објавиме тендерот и тоа на вас ќе ви се падне. На вас ќе ви го дадеме. Анексот го решив денеска, а покрај анексот има и други работи, кои излегоа дополнително, но немам пари, па на тендер ќе направиме се вие да добиете. Ја тераме да нема застој, 48 милиони денари ви се пуштени денеска – му вели Канческа Милевска на Бреслиски.

Потоа Канческа повторно се осврнува на тендерот кој што утредента треба да го објават, па повторно му вика на Бреслиски.

„Вие терајте како се да си е во ред. Дојди во министерството утре, дојди до кај Лидија, па ќе зборуваме – завршува Канческа.

Вториот разговор е помеѓу тогашна министерка за култура и нејзиниот колега Миле Јанакиески.

„Бети до каде е тендерот. Премиерот ме прашуваше“.

На ова министерката му одговара дека се работат проектите. Таа му се жали дека се нема пари, па во септември да даделе нешто со ребаланс на буџетот.

„Или да се соблечеме и да ги продаваме алиштата – му вели министерката, уште еднаш потенцирајќи дека немаат пари.

И третиот телефонски разговор е меѓу двајцата тогашни министри, а во него Канческа му се жали на Јанакиески колку ја нервира директорот на Бетон Штип, Бреслиски.

„Колку ме нервира овој Илија, органски не можам да го поднесам. Ми доаѓа да му го ркнам носот, а морам да го трпам – вели Канческа, која зборува и за некој Ице, за кој вели дека и доаѓало да го дави и од вода да не го извади.

По навредите за директорот, таа го потсетува Јанакиески дека утре ќе излезе објавата за тендерот.

И четвртиот разговор е помеѓу истите актери, во кој министерката продолжува да му се жали на Јанакиески од однесувањето на директорот Бреслиски.

„Мрднат е човекот. Ми вика полиција да не ми викнете, па ми вика сум му викнала полиција. Не можам органски да го поднесам. Таков сељак не постои, таков човек мајка не раѓа. Он мисли, ова е плукни, залепи. Зарем мисли во Идризово за него да идам – вели Канческа, по што продолжува да објаснува дека исплатила 50 милиони денари, па уште 20 милиони, па заклучува дека ќе снемаат пари и се прашува што ќе прават после.

Петиот разговор е помеѓу Канческа Милевска и Гордана Јанкулоска. Во овој разговор тогашната министерка за култура и се жали на министерката за внатрешни работи дека во Секторот за јавни набавки се јавил некој Николче Цветановски и се преставил дека е од СВР Битола и посочил дека ќе му требаат документи за Музејот на ВМРО.

На ова Јанкулоска и враќа дека може да е некој обичен полицаец комуњар, бидејќи не и е познато името. На прашањето на Канческа како да се однесува ако и дојде со налог и ја побара докуиментација, Јанкулоска ја советува дека таа нема веднаш да му ја даде, бидејќи ќе треба секако време да ја собере, но и посочува во ваков случај веднаш да ја побара неа.

„Ќе го запишам, па ќе се јавам таму да видам кој е – и вели Јанкулоска, додавајќи дека мора да бидат координирани.

По слушањето на бомбите, судијата даде половина час пауза, по што адвокатите ќе ги коментираат истите.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*