По Беса на Билал Касами и Беса на Африм Гаши влегува во Владата, брифираат од партијата. Од таму велат дека премиерот Зоран Заев денеска се сретнал со Гаши и дека се договорени најголем дел од работите. И од Беса на Гаши велат дека допрва ќе се проговара за ресорите.
Крилото на Гаши во Собранието има тројца пратеници, додека двајца има крилото на Касами.
Плусинфо веќе објави дека Беса на Касами на синоќешната средба со премиерот Заев договориле учество во Владата.
Доколку преговорите за влез на Илинденска финишираат со договор на Касами и на Гаши со Заев, тоа ќе значи дека парламентарното мнозинството ќе се зголеми за плус пет пратеници.