Don't Miss
Home / Uncategorized / ТВ дуел Заев – Мицкоски

ТВ дуел Заев – Мицкоски

Премиерот Зоран Заев кој го прифати предлогот на Мицкоски за ТВ дулел е подготвен во секое време и на која било национална телевизија да дебатира на сите теми од интерес за јавноста на евентуален лидерски дуел, кој апсолутно ќе се случи, а останува само да се прецизира времето и локацијата, вели владиниот портпарол Миле Бошњаковски, по вчерашното барање од лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицковски за ТВ дуел со премиерот.

– Основен принцип на работата на премиерот Заев е отвореноста и така функционира и Владата. Наназад со години бараме дуел, секогаш сме биле подготвени, комуницираме двонасочно и како Влада секогаш сме отворени за дуели, дебати, новинарски прашања на прес-конференции, рече денеска Бошњаковски.

Како што напомена, последниот премиерски дуел во државава беше во 1998 година, односно пред цели 20 години.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*