Амбасадорот на Република Франција во Република Македонија , Кристијан Тимоние денеска беше во посета на општина Новаци, при што се сретна со градоначалникот Љубе Кузманоски.
На средбата тие разговараа за досегашната соработка, но и чекорите и активностите за нејзино продолжување.
-Ова е наша прва средба на која разговараме за досегашните проекти на општина Новаци, а и за нашите идни активности во следниот период, кои се однесуваат на соработката со АЛДА и општина Коломбел, Франција. “ рече градоначалникот на Новаци, Љубе Кузманоски.
Амбасадорот на Република Франција во Република Македонија, Кристијан Тимоние во својата изјава истакна.
– Во војната страдале не само војници туку и цивили и затоа е направен Музејот кој е изграден во Битола и наскоро ќе биде пуштен. Денеска сум тука за да се сретниме со градоначалникот по повод настаните околу одбележувањето на 100 годишнината од завршувањето на Првата светска војна со цел да ја договориме понатамошната соработка. Збратимувањето на двете општини Коломбел и Новаци значи збратимување на две општини и на два пријателски народа . По повод 100 години од завршувањето на првата светска војна планирааме да направиме туристичка рута од Солун до Белград за француските туристи, да се запознаат со овој регион и историјата, рече , Кристијан Тимоние, амбасадорот на Република Франција во Република Македонија, кој притоа додаде:
-Тука имам спомени кои ми лежат на срце затоа што мојот чичко беше на овој фронт.Тој беше уметник на фрацуската армија. Сметам дека македонскиот фронт е место каде има удел и мојата фамилија.
На средбата градоначалникот Кузманоски го информираше амбасадорот дека општина Новаци по повод одбележувањето на 100 години од Првата светска војна планира да ја поддржи организацијата на оф роуд џип турата од Новаци до Добро Поле на 15 ти септември, кога беше направен пробојот на Добро Поле и изградба на спомен плоча и спомен соба во с. Брод .