Софија како историски исчекор за Скопје и Атина. Премиерот на Македонија Заев денеска обелодени дека постои заеднички прифатливо решение за името, без да открие детали за можните солуции.
Ципрас беше малку порезервиран и рече дека се уште не може да се зборува за договор но потенцираше дека е направен прогрес.
Предлогот ќе биде претставен во Македонија и во Грција по што Владите и политичките водства на двете земји ќе се огласат за можниот консензус.