Општина Битола и ТППЕ Битола, во понеделникот го одбележаа својот јубилеј, 182 години од формирањето на првата противпожарна служба во Битола, која е формирана во 1.836 година со повелба на Румелискиот валија.
Денот на сите позарникари со искрени желби за здравје, среќа и успешна работа им го цестита заменик градоначалничката на Битола, Емилија Костурски.
„Во 1836 година на 20 мај, тука на ова место во Битола, формирана е првата противпожарна бригада на Битола, која воедно беше и прва на Балканот. Денес, по цели 182 години го славиме денот на нашите пожарникари, денот на ТППЕ во Битола и во овој момент можам да кажам дека благодарение на иницијативата на градоначалниците од Пелагонискиот регион, обезбедени се 4 милиони денари кои што ке се искористат за техничко опремување на овие единици, истакна Емилија Костурски,заменик градоначалник на Опстина Битола.
Опремувањето на Територијалната противпожарна единица е од големо значенје за зголемување на заштитата на пожарникарите, а со тоа и за нивно безбедно и брзо делување, пред се при гаснење на пожари на отворен простор. Ова што го најавија градоначалничката и заменик градоначалничката е битен елемент за нас, бидејки овој грант од Пелагонискиот плански регион ке се посвети исклучиво на заштитата и подобрување на заштитната опрема на пожарникарите за гаснење на шумски пожари,изјави Костадин Поповски, раководител на ТППЕ Битола.