Денес и овој викенд на БИТ ФЕСТ
13 јули (петок) на Бит Фест
Детски перформанс – Добро утро Битола – Заборавените кукли
10:00ч. – Градски парк кај Саат кула
Играат: Маја Андоновска Илијевски, Илина Чоревска, Викторија Степановска Јанкуловска.
Три дена, три мали претстави со три прекрасни актерки кои, за најмладата публика ќе овозможат незаборавни перформанси на тема: Добро утро, Добар ден и Добра ноќ во Битола. Идејата е да се случат три претстави во три дена, во различен дел од денот во се разбира различен амбиент. Бидејќи е лето, локациите се на отворено каде актерите ќе комуницираат интерактивно со публиката и ќе можат дирекно да ја вклучат во создавањето на претставите. Три актерки, ќе раскажат три различни приказни за другарувањето, со главен акцент на тоа дека, најубавите спомени се градат низ детска игра во парк, на улица, на Широк сокак, а не пред компјутери, таблети и телефони.
Првата претстава ќе се случи на 13 Јули Петок во паркот кај Сатот во 10 часот наутро.
Втората престава ќе се игра во долниот Градски парк наредниот ден 14 Јули во 18 ч попладне кога е и најголемата фрекфенција на родители и деца.
И третата претстава – перформанс ќе се игра во тревникот пред Центарот за култура во Недела 15 Јули во 20 часот – приказна за добра ноќ, под ѕвездите.
Автор на текстовите е: Билјана Крајчевска, дипломиран драматург и филолог,
а во реализацијата се вклучени трите дипломирани актерки: Маја Андоновска -Илијевски, Илина Чоревска и Викторија Степановска – Јанкуловска.
Ве очекуваме на: :
Добро утро Битола – Заборавените кукли (13.07 во 10.00 горен парк пред Саат кулата).
Добар ден Битола – Насмевки по пошта (14.07 18.00 долен парк кај крлешките).
Добровечер во Битола – Фаќач на соништа (15.07 20.00 тревникот пред Центарот за култура).
Промоција на книга „Нашето националистичко пијанство“
19:00 ч. – КЦ Магаза
Општинскиот Одбор на Сојузот на Борци од Битола во рамките на Бит Фест 2018 година ве поканува на промоција на книгата „Нашето националистичко пијанство“ од авторот Александар Литовски на 13.07.2018 година во 19:00ч. во КЦ „Магаза“ – Битола.
Викендот на БИТ ФЕСТ
14 јули (сабота)
Детски перформанс – Добар ден Битола – Насмевки по пошта
18.00 долен парк кај крлешките
Проекција на документарни филмови – КВК „Студио Милтон Манаки“
20:00 – НУ Центар за култура, Мала сала
СМОТРА фествал #8 – фестивал на електронска музика
21.00 Улица Фуштани, Кафе-бар Радост
15 јули (недела)
Изложба „Стари слики од битолските роми“
12:00 – МЗ Димитар Влахов
Музички хепенинг – ромска музика
20:00 – Ракометно игралиште
Детски перформанс „Добровечер во Битола – Фаќач на соништа“
20:00 – тревник пред Центарот за култура