Судијата Огнен Ставрев на последното рочиште за „Титаник 2“ најави дека денеска ќе бидат разгледани новите докази што ги достави обвинетиот Бедредин Ибраими во случајот „Титаник 2“, а кои се однесуваат на исказите што ги дал во ОЈО кога предметот бил во тоа обвинителство.
Во „Титаник 2“ обвинети се лидерот на ДПА, Мендух Тачи, поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков, како и поранешните членови на ДИК, Бедредин Ибраими, Анета Стефановска, Влатко Сајковски и Сашо Срцев.
Поради службено отстуство на претседателот на судечкиот совет Оља Ристова, минатото рочиште за предметот „Титаник 3″ на СЈО беше одложено за денеска. Во предметот се обвинети пратеникот на ДУИ Ејуп Алими и Исмет Гури за изборни нерегуларности во Општина Чаир.