Don't Miss
Home / Uncategorized / Сведочеше Трајко Велјановски

Сведочеше Трајко Велјановски

Поранешниот претседател на Собранието, Трајко Вељаноски, денеска дава исказ во судот на рочиште за 27 април, како сведок на неговиот поранешен телохранител, обвинетиот Горан Ѓошевски Леви.

Тој прво даде комплименти за неговата соработка со Леви како шеф на обезбедувањето на претседателот на Собранието, и дека доколку му се укаже шанса во иднина ќе сака повторно да биде обезбедуван од него. Како што рече Вељаноски, дента на 27 април атмосферата во Собранието се вжештила откако пратеникот Крсто Мукоски ја испејал химната. Цел ден, посочи тој, атмосферата била тензична, но се навестувало ескалирање по химната.

-Ми беше цел да ја завршам седницата пред да дојде до ситуации неприкладни за едно Собрание. Околу 18.00 часот состојбата беше зовриена. Поради гужвата во Собранието, сите пратеници беа тука, а галеријата полна со новинари, имав претчуство дека може да дојде до искрење во пленарната сала. На Горан му испратив порака, доколку има искри да влезат во салата од внатрешното обезбедување на Собранието и да ја смират ситуацијата – рече Вељаноски.

Потоа тој раскажа дека пратениците не ја напуштале салата, а дека ВМРО ДПМНЕ излегле пред говорницата.

-Си реков, можеби моето присуство ги поттикнува да бидат се уште во салата, затоа околу 18.10 часот јас го напуштив претседавачкото место и се качив по скалите во кабинетот – додаде тој. За она што понатаму се случуваше Вељаноски сведочеше дека се обиде да ја смири толпата што влезе во Собранието.

-Не можевме да ги додржиме да не влезат во работниот кабинет кај мене каде беа сите вработени и дел од пратениците. Кога излегов на врата пред кабинетот беа демонстрантите. Им реков “Зошто ова го правите, ние сме тука”, и во тој момент го видов Горан кој падна како покосен. Најискрено би кажувам јас се исплашив тука, а и сите се исплашивме. Тој изгуби воздух, не беше при свест. Се стрчав за вода, а другите го внесоа во кабинетот и го освестија – рече тој.

Своето сведочење Вељаноски го заврши со тврдење дека решил последен да го напушти Собранието по евакуација на сите останати, по што следеше вкрстено испрашување.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*