.flexslider .slides img { width: 300px!important; height: 250px!important; display: block; }
Don't Miss
Home / Uncategorized / Конференција за Првата светска војна

Конференција за Првата светска војна

 На 13 и 14 декември во хотел ресторанот Капри  ќе се одржи  конференцијата „Социо-културни аспекти на Првата светска војна“, посветена на стогодишнината од завршувањето на Првата светска војна.

Историските факти и политички импликации пред, за време, и по завршувањето на војната, ја направија оваа војна не само најсурово воено случување, туку многу повеќе товар кој имаше своја рефлексија на различни аспекти на социјалното и културно живеење на населението во Македонија, долж фронтовската линија, како и низ Европа генерално. 

Токму поради тие причини, целта на Конференцијата е да се подигне јавната свест за различни аспекти на Првата светска војна, со што на некој начин, ќе им се оддаде почит на сите индиректни учесници и цивилни жртви кои останаа неспоменати во сите воени и историски документи.

Конференцијата ќе се одржи во хотел Капри на 13 – 14 декември 2018 год, во организација на НУ „Завод и Музеј“ – Битола и ЗРАТ Љубојно, а истата е финансирана од страна на Асоцијацијата на агенции за локална демократија – АЛДА, а во рамките на програмата за „Сеќавање на македонскиот фронт 2018 година“ поддржана од Регионот Нормандија.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*